СТОТИЦИ ЗАГИНАТИ ВО НАПАД НА БОЛНИЦА ВО ГАЗА , ХАМАС ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА БОМБАРДИРАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

0
301

Тие тврдат дека во нападот загинале најмалку 500 луѓе. Претходно, портпаролот на палестинското Министерство за здравство изјави дека во нападот што ја погодил болницата загинале меѓу 200 и 300 луѓе, но Хамас оттогаш ја зголеми бројката на 500.

Хамас објави соопштение на својот канал Телеграм како одговор на нападот врз болницата, за кој неговите власти тврдат дека убиле стотици луѓе.

„Овој страшен колеж е злосторство за геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка за оваа криминална окупација.

Меѓународната заедница и арапските и исламските земји мора да ги преземат своите одговорности и веднаш да интервенираат, сега, не утре, за да ја запрат ароганцијата на окупацијата и нејзината фашистичка армија и да ја повикаат на одговорност за геноцидот што го прави единаесетти ден по ред во веќе блокиран простор“, се наведува во соопштението.

Болницата била нападната без никакво претходно предупредување, јави катарската Ал Џезира.

Арапските медиуми и палестинските канали на Телеграм, неофицијално наведуваат дека вкупно има повеќе од 1.000 загинати и повредени.

– Страшно е тоа што се случи бидејќи сите тие луѓе се цивили кои ги напуштија своите домови и стигнаа до место за кое веруваа дека е безбедно. Според меѓународното право, болницата е безбедно место. За една минута сите беа убиени во болницата. Бројот на загинати во моментов е повеќе од 500, а веруваме дека тој број ќе надмине илјада. Тоа е масакр – рекол доктор од Газа, Зијад Шехада за Ал Џезира.

Снимките од болницата кружат на пропалестинските социјални мрежи, чија автентичност засега не е потврдена.