ДРАМА ВО ТЕЛ АВИВ : ЕВАКУИРАН АВИОНОТ НА ОЛАФ ШОЛЦ, СИТЕ ЛЕГНАА НА ПИСТАТА

0
590

Непосредно пред полетувањето од аеродромот Бен Гурион се огласија сирените. Шолц веќе се качил во владиниот авион, кога стигнала наредбата сите патници да излезат од авионот и да легнат на пистата.

Според информациите на БИЛД, безбедносните служби потоа извршиле претрес во авионот на германската влада и проверувале дали има можни опасности.

По неколку минути, на канцеларот и на неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот, кој потоа полетал за Каиро.