МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО: СИТУАЦИЈАТА Е КРАЈНО СЕРИОЗНА, ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНАВИРУСОТ

0
923

Министерот за здравство Венко Филипче денеска одржа координација со директорите на ковид центрите во Скопје на која разговараа за моменталната состојба со капацитетите во Клиниките и ГОБ 8 Септември, состојбата на пациентите и ротациите на медицинскиот персонал, информираат од Министерството за здравство.

“Министерот Филипче секојдневно заедно со директорите го менаџираат здравствениот систем и покрај зголемениот број на хоспитализации, се отвораат дополнителни капацитети за згрижување на ковид пациенти. Здравствениот систем деновиве се соочува со најголемиот предизвик до сега, состојбата во болниците е алармантна, но и покрај тоа со секојдневни напори се оспособуваат нови оддели за хоспитализација на ковид пациенти. Во исто време болниците се отворени и за болни кои имаат итни здравствени проблеми и им е потребна брза лекарска интервенција, за хронични пациенти чија состојба се влошила, за прегледи на болни кои мораат да ја контролираат редовно здравствената состојба. Вработените во болниците дават натчовечки напори за да ги згрижат сите пациенти. Почитувајте ги мерките за заштита.” – велат од министерството.