ШЕКЕРИНСКА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО БЕШЕ НАША БИТКА И ЈА ДОБИВМЕ

0
891

“Оваа генерација македонски граѓани знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите предци за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост тогаш кога ќе ги биеш новите битки” – изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

“Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено-политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и безбедност.” – истакна Шекеринска.

Таа нагласи дека до пред членството во НАТО бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на Алијансата, што е навистина огромен успех.