ИЗБЛИК НА НЕЗАДОВОЛСТВО ВО ВМРО-ДПМНЕ, СТРАШЕВСКИ: МИЦКОСКИ, ТИ ДОЈДЕ ВРЕМЕТО ЗА ОСТАВКА!

0
3079

Поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Јовица Страшевски излезе со свој став по повод интервјуто на лидерот Христијан Мицкоски.

“Мицкоски повторно неспремен одработувајќи за власта, немајќи став за ниту едно важно прашање за Република Македонија, повторно немајќи став за пописот како и за сите претходни работи од национален и државен интерес (име, јазик, идентитет, договорот од Преспа и договорот со Бугарија), неспремен за локалните изборите, шири дезинформации дека немало услови за попис како и за фер и демократски избори, потоа дека има страв од ковид 19 пандемијата и наводната негова грижа за граѓаните на Република Македонија.

Денес со став за имунизација на попишувачите, утре ќе бара имунизација на избирачки одбори, имунизација на гласачите, имунизација на ДИК и се’ така само за да избега и да не се соочи со реалноста и со неговата неспособност за решавање на државните прашања во Република Македонија и недостигот на храброст и идеи, одработувајќи за власта, правејќи си сам претстави во кои и тој не верува.

Мицкоски како и пред парламентарните избори 2020 така и сега, прво бараше итни избори, потоа истакнуваше дека нема услови за фер и демократски избори, за потоа да се повикува на наводна грижа за пандемијата ковид 19 и граѓаните на Република Македонија. Сето ова беше блеферска финта за Христијан Мицкоски да ја прикрие неговата неспособност за победа на било кои избори, а имаше шанса, голема шанса, неповторлива!”