ТРИЧКО: ЗА ДА ГОВОРИ ВАКА КАКО ШТО ДЕНЕС ЦРВЕНКОВСКИ ЧОВЕК МОРА МОРА ДА БИДЕ ОПЕРИРАН ОД СРАМ И СТРАВ, И ОД МОРАЛ НОРМАЛНО!

0
1652

Црвено бесрамие

Сензационално научно откритие на конференцијата за Македонија во МАНУ понуди поранешниот премиер, претседател и опозициски лидер, проф. д-р Бранко Црвенковски. Тој ја шокираше домашната и светска научна и поширока јавност со тврдењето дека “Македонија е корумпирана држава во која нема едакавост пред законот, нема правда, нема доверба во судството, нема квалитетно образование во кое дипломите ќе се заслужуваат, а нема да се купуваат“. Долгогодишната интердисциплианарна студија на овој познат политички научник открила и дека “земјата е внатрешно поделена и конфронтирана, дека не може да се изгради консензус за ниту едно прашање дека партиите не се гледаат како конкуренти, туку како непријатели коишто треба да се уништат, а изборите се доживуваат како гладијаторска борба.”
Неверојатно!

Ова е поголем подвиг од оној на експедициите кои беа испратени да откријат влакна на скалпот на Антинијо Милошоски или страшен демант на досегашната општоприфатена научна вистина дека во главата не Мицковски нема ништо, а во душата на поранешниот лидер на СДСМ има само тага и раздор што му ги мешаат катастрофите на неговите мандати.
Како банана на оваа научна торта Црвенковски додал нешто што во слободна интерпретација на помалку супериорните научни манекени на научната конференција во МАНУ беше формулирана вака: освен Европа,постојат уште пет познати континенти и неколку неоткриени, Македонија е континент за себе кој во себе мора да најде сили да се одржии и развива.

Црвенковски ми се виде како јунакот во Ла линеа, Кавандоли му ја брише линијата позади, му ја исполнува дупката пред него, му црта нова рамна линија напред, па скали по кои се искачува на височините на славата со трибина од која само така подготвен можел да си дозволи да истресе вакво количество баналности, не нужно неточни работи, но банални, а во неговиот случај и бесрамни затоа што тој по сите негативности за кои зборуваше би требало да биде на клупата за обвинети, а не на конференции за научни откритија во областа на просерувањето. Од криминалната распределба на националното богатство (некои викаат на своите пријатели) преку класичната корупција, до пумпањето на администрацијата, крахот на медиумскиот сектор, поделеноста на чиј брод го инсталира едрото на груевистичкиот режим преку инсталацијата на малото шаткасто чудовиште во премиерската фотеља, до срањата во образовниот сектор, а, можеби, најмногу, во неверојатната потрошувачка на историското време во националистички и квазипатриотски илузии какви што беа битките за името или за нормативната гаранција на македонската етничка супериорност во статусот и во располагањето со институционалните и економски ресурси, бла бла бла…

За да говори вака како што денеска говореше Црвенковски човек мора да биде опериран од срам и страв.
И од морал, нормално.

Со крај или со почеток на излагањето како традиционалната семка што излегува од анусот на секој македонски политичар кој ќе се фати дека не знае што да прави со себе и со државата: платформа, национална платформа, решението било во национална платформа.

Јебала те платформа.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.