ОД БИХАЧКА РАСПАЛИЈА ПО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ СО ТОМАХАВК РАКЕТИ: НЕ Е ЧЕСНО ТРАНЗИЦИСКИ МАФИЈАШ ДА ДРЖИ ЛЕКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА И КРИМИНАЛ, ТОЈ ПОСАКУВА ДА УМИРАМЕ НА РАТИ, АМА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА ЖИВЕЕ И ЌЕ ЖИВЕЕ И ЌЕ ОДИ НАПРЕД!

0
1031

СДСМ: Македонската држава живее и ќе живее

Не е чесно ниту кон граѓаните ниту кон државата кога поранешни претседатели од времето на транзицијата и режимот зборуваат за криминал и корупција, а не покажале никакви чекори против корупцијата во времето кога требало да му служат на народот.

Денеска јавноста сведочеше едно пропагандно однесување на поранешни претседатели на државата.

Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Рамковниот договор се најважните договори кои ја вратија во живот македонската интеграција, ги потврдија и зацврстија македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

Македонската држава живее и ќе живее и нема да умира на рати, а ако тоа некој го посакува му порачуваме да мисли пред да дејствува, пред се заради нашот народ и заради иднината на сите наши деца.

Граѓаните со својот глас и порано, и денес и во иднина прецизно го покажуваат патот кој се развива Северна Македонија.