Трезор : Во МВР на „жими мајка“ се набавувала опрема како државна тајна

0
908

Има договори за набавка на опрема или техничка роба во 2012 година кои МВР ги набавувало со степен Државна тајна за крајни корисници и со усно барање, односно не било поднесено писмено барање. Ова денеска во судница на процесот на СЈО познат како „Трезор“ го изјави Никола Николовски, експерт за економски науки, вработен во МВР како началник на Оддел за електронски обуки.

За својата кариера, која започнува во 2006 година во МВР, рече дека започнува кога бил со работни места во Одделите за организиран криминал, јавни набавки за цело МВР и сега во Оддел за електронски обуки. Неговата сопруга е вработена, рече сведокот, како аналитичар во УБК од 2014 година.

– Набавките се планираа со годишен план за јавни набавки и беа предвидени сите постапки кои треба да се спроведат. Немаше обврска да се предвидат и постапките кои се класифицирани со Државна тајна. Барателот, односно одделот од МВР, поднесува барање и наведува дали набавката ќе има степен на државна тајна. Тоа не го прави лице, туку корисникот-одделот. Од 2012 до 2015 година одговорно лице со пренесени овластувања од министерот беше Ѓоко Поповски. Има случаи само раководители се баратели или крајни корисници на барањето без разлика дали е од БЈБ или УБК – рече Николовски.