ЃОРЃИЕВСКИ : И ОВАА САБОТА МИ Е ПОСВЕТЕНА ЗА ПРИЕМ НА МОИТЕ СОГРАЃАНИ

0
516

🤝 И оваа сабота е посветена за прием на моите сограѓани.

Преку 5️⃣0️⃣ граѓани денес ги изложија проблемите со кои се соочуват и заеднички побаравме решение, а беа презентирани и повеќе идеи, забелешки и сугестии кои треба да го подобрат секојдневното живеење.

📚 Дел од барањата веќе се содржани во програмата и се предвидени во нашите следни чекори, но постојат и проблеми кои се појавиле во меѓувреме и треба итно да се решаваат.

☝️ Токму затоа, ваквите непосредни средби со граѓаните се многу корисни и овозможуваат побрза реакција од страна на општината. Секогаш сум расположен за комуникација со нашите жители и за сите нивни идеи бидејќи подобрувањето на условите за живот е наша заедничка цел.

🗓️ Оттука, ваквите приемни денови ќе продолжат и ќе бидат пофрекфентни.

☎️ Приемните денови се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.