АЈДЕЕ – ДАНЕЛА АРСОВСКА: АКО СТАНАМ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ГО ОТКАЖАМ ТРАМВАЈОТ, МНОГУ Е СКАП

0
1298

– Многу е скап трамвајот и многу ќе трае долго изградбата, тоа ми е нешто како научна фантастика. Народот бара решение веднаш. Ќе го направам превозот во ЈСП бесплатен! И печки треба повеќе да се оди, зошто да не, тоа е здраво.

Данела Арсовска на дебатата на ТВ 24.

Бреј бреј, ете зошто сме немале метро и трамвај 100 години, многу скапо и многу споро траело градењето, значи не било инстант решние како со магично стапче.

Па уште и бесплатно се нуди превоз, па тоа значи дупка во градскиот буџет од 20 милиона евра годишно, пак ќе го платат Скопјани со давачките но некој што не се вози во автобус ќе плаќа некој да се вози со автобус, кое лудило е ова…