Јавното претпријатие го обвинува Рашковски за тоа што држел пресови, го нарушувал угледот на земјата?!?! Стигна реакција на Рашковски!

0
1427

Замислете, јавното претпријатие за деловен простор го обвинува генералниот секретар за тоа што држел пресови за проблемот со стадионот, со тоа го нарушувал угледот на земјата?!?!

За нив држењето пресови е нарушување на угледот, а не е нарушување на угледот тоа што 10 дена пред утакмицата стадионот има 18 фалинки?!?!

Еве што велат овие копуци:

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката АДИССДП ги оценува како неточни и невистините изнесените факти во врска со подготвките за одржување на Супекупот 2017 на Арната „Филип Втори“ од страна на генералниот секретар на Владата на Р.М. Драги Рашковски и од него бараат да престане да се однесува како опозиционер.

„Од Вас е побарано само да ставите точка на дневен ред на седница на Влада, со што само ќе се донесе одлука со која средствата со кои располага АДИССДП, а се наоѓаат на ненаменските сметки, да бидат искористени за подготовки за Суперкупот и со тоа сте ја завршиле Вашата работа. Не губете време во разговори со фирми и држење на прес конференции со кои несвесно или свесно нанесувате неповратна штета на угледот на АДИССДП и Република Македонија“,  стои во реакцијата.

Во однос на јавни набавки, укажуваат дека тие се спроведени согласно Законот за јавни набавки со електронска аукција и избор на понудувач со понудена најниска цена. 

Стигна реакција на ова од Рашковски:vladaReakcijaStadion