ВЛАДАТА РЕШАВА ПРОБЛЕМИ МЕСТО ДА СОЗДАВА НОВИ: ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДОБИ ПОДДРШКА ОД ПОРТУГАЛСКАТА АМБАСАДОРКА МАРИЈА ПИНА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
785

Премиерот Зоран Заев се сретна со Марија Виржиња Пина, амбасадорката на Португалија и на состанокот била пренесена силна поддршка од Лисабон и од португалското претседателство за европерспективите на нашата држава.

“Португалија како држава која што гради мостови, особено ги почитува политиките на премиерот Заев и на Владата, на создавање решенија наместо проблеми“ – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Тоа е во контекст на развојот на добрососедските односи со Грција и Бугарија, но и со сработеното во реформските процеси на домашен план, поради што Португалија како земја којашто претседава со Советот на ЕУ, цени дека Република Северна Македонија треба да биде дел од семејството на ЕУ.

Премиерот Заев изрази голема благодарност за вложувањата и за заложбите на Португалија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ.