ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НАЈАВИ: ЗАКОНИТЕ ОД ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ ВО ТЕКОТ НА НЕДЕЛАВА

0
723

“На работната средба со Алијанса за Албанците и Алтернатива изразивме јасни ставови и подготвеност за решавање на проблемот со законот за државјанство. Ќе го поддржиме решението што е најприфатливо за да се реши статусот и на овие лица. Затоа апелирам да се деблокираат законите ден порано, зашто не правиме никому добро” – вели премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека очекува неделава да се донесат законите од петтиот сет економски мерки и упати апел секој да ја исполни сопствената одговорност.