Семејствата на обвинетите од ,ДЕТОНАТОР до врхушката: Ние, мајките на нашите невино осудени деца, плачеме поради некакви болни умови, но знаеме дека правдата ќе ги стигне сите кои си поиграа со нашите животи!

0
1439

Реакција на семејствата на  осудените во процесот „ДЕТОНАТОР„:

Деновиве преку проектот  „Вистината за Македонија„ сме сведоци на бруталното дивеење на оваа „таканаречена власт„, па сметаме дека имаме обврска на јавноста да и покажеме дека се што досега слушнавме е гола вистина, а докази во прилог на вистината се и следните:

detonator-02-540x303

Лицето Драганчо Стоименов или популарен како Дацо Белски – оштетен во монтираниот полициско – судски процес „ДЕТОНАТОР“ е партиски човек, човек од доверба на врхушката, син на поранешен командир во МВР – Кочани, па така уште од мали нозе на неговите насилства им немало крај, но за сторените насилија нема ниту една казна, ниту еден ден притвор (па макар и домашен), ниту еден ден затвор …

Еве само мал дел од неговите зулуми:

  1. Предмет К.бр. 74/09 од 30.11.2009 демолирање на дискотека во Виница и напад на физички и службени лица (предмет кој сеуште не е решен во Основен суд Виница); 2. Предмет по обв.акт К-188/13 од 2010г напад, демолирање на дискотека во Кочани, хорор невиден-загрозени млади човечки животи (предмет кој сеуште не е решен во Основен Кочани):

3.Предмет по записник од МВР 1862/11 од 12.08.2011г за напад врз лицата А.М. и неговата сопругата, соседи на Дацо Белски, кој напад се состоел од нанесување тешки телесни повреди врз нападнатите, каменување на нивната куќа и возило, како и оштетување на службено возило (марка Крајслер) на МВР – Кочани (предмет кој е решен, прво со условна кзана затвор за лицето Дацо Белски, но по насоки од повисок суд, следува ослободителна пресуда од Основен суд Кочани);

4.Предмет во Основен суд  Кочани, 2013г, напад на судија;

5.Предмет во Основен суд Виница за напад на службено лице – јавен обвинител,дело сторено на ден 17.10.2014 во суд (предмет кој сеуште не е решен во Основен суд Виница)…

 

Како сторител на дузина кривични дела во Кочани и Виница, наместо Дацо Белски да застане пред лицето на правдата, застануваат угледни граѓани, бизнисмени, професори, семејни луѓе, чесни и никогаш неосудувани. Им се уништува животот без некому око да му трепне, се уништува и животот на нивните деца, сопруги, мајки… И тоа не им е доста, сакаат ладнокрвно да ги убијат на начин што подолго од 3 години не им дозволуваат да се хранат и облекуваат… Единствено воздух им дозволија да дишат… Но и тоа е нешто, нели…

Додека жртвите на монтираната кланица ДЕТОНАТОР полека, но сигурно умираат, Дацо Белски е повторно мета на напад, овој пат на Нинџа и Кољо кои замислете на ден 02.12.2012г.  го пукале во пределот на колената, но тоа било само другарска игра, барем така кажува Дацо пред судот наречен ИНКВИЗИЦИЈА! И тоа еден ден ќе се расветли, знаеме, но знаеме и дека денот е многу блиску!

Со цел да ги прикрие неговите насилства, а да ги тргне од видно поле луѓето кои едноставно не му се по негов терк, режира филм наречен ,,ДЕТОНАТОР,, во соработка со власта која пак му должи за искршените гласачки кутии во Кочани и околината. Во овој филм се средуваат и внатрешно – политичките недоразбирања во самото МВР од разноразните фракции и струи, а кои му сметаат токму на Љупчо Тодоровски – Радникот и неговиот ментор.

Со затварањето на неколку „жртвени јагниња“ избрани по желба на Дацо Белски, се дефокусира јавноста од големиот скандал кој само што не пукна во редовите на МВР, но и се плаќа одработеното на партискиот војник! Шлаг на амбиентот е фотографирањето на „Горде„, „Началникот„ и сега веќе пензионираниот „Радник„ пред многубројните покер апарати, кои немаат ама буквално никаква поврзаност со крвнички спроведената им акција.

Должни сме да ја обелодениме вистината за Македонија, да знаат сите граѓани на каков начин оваа разулавена „власт“ се справува со неистомислениците и како ги става на клада луѓето кои не и се допаѓаат, се со цел да се додржат на власт, која се повеќе и повеќе не е додржлива!

Со почит кон сите неистомисленици на „власта„, и со една и единствена порака: ние, мајките на нашите невино осудени деца, плачеме поради некакви болни умови, но знаеме дека правдата ќе ги стигне сите кои си поиграа со нашите животи! Неправда за возврат не им посакуваме, им посакуваме само да одговараат за сето зло што ни го нанесоа!