ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО ТУРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЕРДОГАН: РАЗВИВАМЕ ПОСИЛНИ ТРГОВСКИ ВРСКИ СО РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

0
1266

“Вложуваме заеднички напори за поинтензивна соработка меѓу Северна Македонија и Турција за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски.

Заедно со министерот Филипче во рамки на еднодневната посета на Турција, имавме работен ручек со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.
Се согласивме дека Северна Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ