СЛУШАЛ КАЈ ШУМАТ ШУМИТЕ, БУКИТЕ САМО ПОРАДИ ДУИ, АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: ДУИ Е ЗЕЛЕНА ПАРТИЈА УШТЕ ОД КОНФЛИКТОТ ВО 2001 ГОДИНА И СЕГА СЕ ВРАЌА НА КОРЕНИТЕ

0
813

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дополнително ја оддалечи својата партија од ДУИ, оценувајќи дека интегративците се обиделе да се трансформираат во зелена партија со враќање на корените затоа што излегле од шумите за време на конфликтот во 2001 година. Според него, најавата на Али Ахмети дека ДУИ сега по етничките и други национални барања сега ќе се насочи кон новиот зелен договор што е една од целите на ЕУ, била само чист маркетинг.

“ДУИ си се враќа на корените. Тие стартуваа во 2001 година токму како зелена партија од горите и планините на Македонија, така што очигледно се враќаат на корените” – рече потпретседателот Николоски.

“Сето ова е поради недостиг на свежи политички идеи. Единственото нешто со што се занимава владејачката коалиција СДСМ–ДУИ е пиар, односно три дена водат во стилот на оние познати кампањи на големите мултинационални компании кога нешто најавуваат, кога сите очекуваат што ќе е тоа, билборди без текст се ставаа во градот само со одредена боја, па после тоа имаше еден збор итн. Видени финти, нема друг збор освен финти” – рече Николоски.