ЛДП и ВМРО-НП: Окрупнување на опозицијата за рушење на власта

0
890

Потребно е да се вложат максимални напори од сите страни за окрупнување на опозицијата во Република Македонија и единствено делување на сите опозициски партии за промена на оваа недемократска власт. Ова е еден од заедничките заклучоци на денешната средба на лидерите на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски и на Либерално-демократката партија, Горан Милевски, на која се разговараЛо за актуелната политичка состојба во државата и ставовите на двете партии.

Двајцата лидери сметаат дека кон опозицијата треба да се приклучат и сите граѓански здруженија и слободоумни граѓани кои не се согласуваат со ваквиот начин на владеење во државата.

„Само со обединети сили може да се промени еден систем кој владее авторитарно. После изборите, еден од приоритетите на новата власт треба да биде демократизација на политичкиот систем и општеството во целина, како и воведување на отворени листи. Република Македонија да биде една изборна единица, а неопходни се и измени за подобрување на начинот на финансирање на политичките партии, истакнаа двајцата лидери на денешната средба“, се наведува во соопштението до медиумите.