Познат скопски бизнисмен газда на неколку хотели крвнички претепал газда на менувачница

0
1994

Скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, го претепал Бранко Петровски вчера, околу 13 часот во најстрогиот центар на Скопје, пишува Цивил медиа повикувајќи се на искази на очевидци.

Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ на Чорогунов се наоѓа малата менувачница на Петровски и неговото кафуле „Гарсон“, повеќе години познато како омилено собиралиште на млади уметници, новинари и граѓански активисти.

Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, изграден минатата година, откако претходно се му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години. Откако Петровски мирно побарал од него да му дозволи да продолжи по патот, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето. Последиците од овој напад се видливи, скршена вилица и тешка повреда на левото око на Петровски.