ПРЕД НОВИТЕ БУГАРСКИ ИЗБОРИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СО СПИСОЦИ ОРГАНИЗИРААТ КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ СО ДРВА ЗА ОГРЕВ

0
704

Побарувачката на огревно дрво за населението стана дел од политичка корупција пред изборите на 14 ноември во Бугарија. Во одредени региони, повеќе лица се задолжени да му поделат дрва на локалното население преку списоци за поддржувачите на некои партии. Тоа јавно го изјави бугарскиот министер за земјоделство Христо Бозуков.

Во голем број региони,  огревното дрво иако во април сѐ уште не е испорачано а има недостиг и од пелети.

“Имав средба со Здружението на општински шуми, кои ми кажаа дека ова е политичко прашање и дека веднаш по изборите ќе има многу дрва” – изјави техничкиот министер Бозуков.

“Ми кажаа дека еден регион во шумското стопанство Крџали има три списоци. Еден за една партија, друг за втора партија и трет за оние кои не се во ниту една партија” – посочи министерот за земјоделство.

Според уредба, огревното дрво го делат градоначалниците на општините. Најмногу градоначалници на општини во земјата има партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ. Во регионот на Крџали, партијата на Турците, ДПС традиционално има силни позиции во локалната власт.

Исто и секретарот на Министерството за внатрешни работи, Петар Тодоров изјави дека огревното дрво се користи за купување гласови.