ПРАТЕНИКОТ МИЦЕВСКИ МЕСТО ДА СЕДИ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА, ЌЕ НОСИ КОРОНА ВО СОБРАНИЕ: НАЈАВИ ПРИСУСТВО НА СЕДНИЦАТА ЗА ГЛАСАЊЕ НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

0
1285

Освен пратеничката Ангелинка Петкова, во изолација е и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој најави дека ќе дојде за гласање недоверба на Владата во четврток.

Во април годинава, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ беа пратениците кои со скафандери дојдоа во Собранието за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со денови лееја крокодилски солзи за тоа како СДСМ свесно им го загрозувал здравјето.