УПРАВНИОТ СУД ЈА ПОНИШТИ ОДЛУКАТА НА ДИК ЗА ЖЕЛИНО: НЕМА ПРЕГЛАСУВАЊЕ, ПОБЕДНИК ОСТАНУВА КАНДИДАТОТ ОД БЕСА

0
1145

Нема да се прегласува во Желино откако Управниот суд ја поништи одлуката за прегласување донесена од Државната изборна комисија (ДИК).

Беса веднаш поднесе тужба на одлуката за прегласување и е прифатена од Управниот суд. Приговорот на ДУИ е отфрлен и е поништена одлуката за прегласување. Образложението за одлуката ќе биде објавена во наредните 24 часа.

За градоначалник на Желино е избран кандидатот на движењето Беса.