ПОПИСОТ ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ СО ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ, СИМОВСКИ: СИТЕ ПОПИШУВАЧИ ЌЕ БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ ДО АВГУСТ

0
560

Не се планира одложување на пописот во септември, ќе се спроведе во предвидениот период. Ќе се следи епидемиолошката ситуација и пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита. Попишувачите ќе бидат вакцинирани во август, пред почетокот на пописот.

“Се’ ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки. Затоа граѓаните од тој аспект треба да бидат спокојни. Во септември времето е сѐ уште убаво, па таму каде што ќе има можност, пописот ќе се спроведе и на отворено. Очекуваме дека и поголем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Од Министерството за здравство сме информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани” – изјави директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Реални се очекувањата пописот да регистрира не повеќе од 1,6 милиони жители во Северна Македонија поради долгогодишните иселувања.