ПОСЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН ПАЦИЕНТ Е ИСПИШАН ОД БУГАРСКАТА КЛИНИКА: И ЗА НЕГО Е ОБЕЗБЕДЕН ПРЕВОЗ ДО СКОПЈЕ

0
944

Последниот преживеан пациент кој беше повреден во автобуската несреќа на автопатот Струма во Бугарија, денеска е испишан од Клиниката за неврохирургија на болницата Пирогов .

Медицински тим од Република Северна Македонија попладнево го пренесува пациентот во Скопје. Ова е седмиот повреден во инцидентот на 23-ти ноември во кој загинаа 45 лица, државјани на Северна Македонија.

Сите странски државјани кои ја преживеале несреќата на автопатот Струма се пренесени и нивната состојба се следи во Република Северна Македонија и Република Србија.