ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПОПУЛАЦИЈАТА ВО ЕУ НЕ Е ВАКЦИНИРАНА, ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ВО ЕУ СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

0
703

“Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против Ковид-19 како одговор на ширењето на новиот сој омикрон” – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Еден пример е Грција која од 16-ти јануари со 100 евра месечно ќе ги казнува лицата над 60 години кои одбиваат да се вакцинираат.

“Поради ширењето на вирусот и слабата вакцинација во некои делови од ЕУ, задолжителното вакцинирање мора да се има предвид. Имаме вакцини, вакцини кои спасуваат животи, но тие не се користат адекватно секаде. Тоа си доаѓа со енормна цена по здравствените системи” – рече Фон дер Лајен.
Околу 77% од возрасното население во ЕУ е вакцинирано, т.е. 66% од целата популација.

“Тоа значи дека една третина од популацијата во ЕУ не е вакцинирана. Тоа се околу 150 милиони луѓе, што е многу. Знам дека не можат сите да се вакцинираат, но големо мнозинство би можело. Мислам дека е разбирливо и соодветно да почнеме дискусија за задолжително вакцинирање” – рече Урсула фон дер Лајен.