СДСМ денеска е помеѓу граѓаните на Куманово и кумановско

0
1094

Sekerinska-2-1-610x400

СДСМ денеска е помеѓу граѓаните на Куманово и кумановско. Во директни средби со граѓаните ќе ги слушнеме нивните проблеми и ќе поразговараме за платформата на СДСМ.

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, посетата на Куманово ја започнува во 13.30 часот. Во 14 часот Шекеринска ќе биде помеѓу пазарџиите во Куманово, каде што покрај средбите со граѓаните, ќе ги посети и дуќанџиите од овој град.

Во 15 часот Шекеринска ќе има средба со младите од Куманово. Во рамките на посетата, Шекеринска ќе оствари средба и со армиски и полициски ветерани од овој град (17 часот).