“Голема благодарност до полскиот народ, Република Полска за оваа значајна донација од 200 070 вакцини од производителот Фајзер.
Пријателската помош и меѓународната соработка се клучни во борбата со Ковид 19. Денеска на средбата со првата дама на Република Полска, г-ѓа Агата Корнхаузер-Дуда, првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, упативме порака до сите за важноста и ефикасноста на вакцините.
Ги охрабруваме граѓаните да се вакцинираат и да спречат повторно да се соочиме со голем број заболени.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ