МОЌТА НА ИНТЕРНЕТ МЕДИУМИТЕ И ТВИТЕРОТ СИ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА РАБОТА – ДРАГИ РАШКОВСКИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО СИЛНИТЕ РЕАКЦИИ ШИРУМ ИНТЕРНЕТОТ ПО НЕГОВОТО АЗДИСУВАЊЕ ВО МЕКСИКО И ПОРАДИ СКАНДАЛОТ СО ЏИПОТ

0
948

Поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски изјави дека се повлекува од функцијата и му се обрати на претседателот на Владата Зоран Заев преку писмо со порака дека кога политиката ќе стане погласна од природните науки, тогаш работната атмосфера станува непогодна за некој кој е научен во се да ја бара логиката.

-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, вели тој на својот фејсбук профил.