ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПОПИСОТ СЕ ВО ТЕК, ДЗС: УТРЕ СТАРТУВА КОНКУРСОТ ЗА ИНСТРУКТОРИ И РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ

0
167

“Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис ќе биде објавен утре во четири дневни весници, како и на веб-страницата www.Popis2021.stat.gov.mk каде ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување” – информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).

“Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија” – се вели во соопштението од ДЗС.
Конкурсот ќе трае до 5-ти август и потоа ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати.