Македонија испраќа 6 милиони денари интервентна помош за Грција

0
1401

Премиерот Зоран Заев соопшти дека Македонија, освен помошта во во хеликоптери, става на располагање и финансиска помош за Грција во справувањето со последиците од огнената стихија на Атика. Тој изрази сочувство и жалост за изгубените животи во трагичните пожари.

„Со одлука на владата издвоивме шест милиони денари како интервентна помош, која ја ставаме на располагање на грчките владини институции одговорни за справување со пожарите. Ќе се формира координативно тело кое ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош. Нашите граѓани со длабока тага ги примаат вестите за катастрофалните пожари во Грција. Изразуваме сочувство со пријателскиот грчки народ и длабока жалост до сите семејства кои во оваа ужасна трагедија загубија свои блиски и пријатели“, напиша Заев на својот профил на Твитер.

Грчкото Министерство за надворешни работи и се заблагодари на Македонија за понудената помош за пожарите.

Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност.

– Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства за гасење на смртоносните пожари во Атика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Извор : НоваТВ