РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА ДОНЕСЕ УКИНУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНАТА АКЦИЗА ОД ДВА ДЕНАРИ ЗА ДИЗЕЛОТ: ТОА Е ПРЕЛИМИНАРЕН ЧЕКОР ПРЕД ВОВЕДУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКА ТАКСА ЗА ГОРИВАТА

0
737

Сe укинува дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните ќе плаќаат два денари пониска цена. Со измените направени во Законот за акцизите во април годинава предвидена беше варијабилна акциза која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза.

“Според законското решение дополнителната акциза од 3 денари кај бензините е предвидена доколку цената на светската берза е под 390 долари/тон. Ако е помеѓу 390-590 долари/тон, дополнителната акциза изнесува 2 денари и ако е над 590 долари/тон тогаш дополнителната акциза е 0 денари, односно се укинува. Кај дизел горивото и екстра лесното масло за домаќинство е предвидено дополнителна акциза од 3 денари ако цената на светската берза е под 400 долари. Дополнителна акциза од 2 денари е предвидена за дизелот кога на светската берза е меѓу 400-600 долари/тон и доколку цената на светската берза е над 600 долари/тон, таа изнесува 0 денари” – се вели во соопштенито од Владата.

Согласно законското решение, се создадени услови за укинување на дополнителната акциза кај дизел горивото, за што Регулаторна комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтени деривати и горива за транспорт. Претходно беа исполнети условите за укинување на дополнителната акциза и кај бензините.

Ова е прелиминарен чекор пред очекуваната еколошка такса за горивата, за што веќе постои предлог-закон во собраниска процедура.