ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЌЕ ДОБИВААТ 245 КОМПАНИИ СО ОЛЕСНЕТИ УСЛОВИ, БЕКТЕШИ: ЌЕ ПОДДРЖИМЕ И НОВИ ИНВЕСТИТОРИ НО И ОНИЕ КОИ ШТО ЌЕ ИНВЕСТИРААТ ВО ПОНЕРАЗВИЕНИТЕ РЕГИОНИ

0
818

“По предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите” – објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Со овие законски измени се олеснуваат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании.

“Со измените на овој Закон ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година” – вели во објавата министерот Бектеши.

Согласно законските измени се олеснуваат условите за доделување финансиска поддршка на компании кои инвестирале во услови на Ковид-19, се зголемува опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за финансиска поддршка, се подобруваат условите за инвестиции од дијаспората, а има и дополнителна финансиска поддршка за компании кои се од помалку развиени региони во државата.