ПО КОНСУЛТАЦИИТЕ СО ЕКСПЕРТИ И ПОМАЛИ ПАРТИИ, ЌЕ СЕ НАМАЛИ ПРАГОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ, ЗАЕВ: ВО СОБРАНИЕТО ПОСТОИ АМБИЕНТ ДА СЕ УСОГЛАСИМЕ ЗА ПОМАЛ ПРОЦЕНТ НА ПОТРЕБНИ ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ

0
655

“Не се плашиме од независни листи” – рече премиерот Зоран Заев во врска со предлог-измените на Изборниот законик во собраниска процедура со кои што се предвидува независните кандидати да може да учествуваат на избори со 2% потписи од вкупниот број на гласачи во општинскиот избирачки список. Тоа ќе биде тргнато од предложените законски измени бидејќи отстапува од препораките на ОБСЕ.

“Вчера поминав цел дел во парламентот и ги слушнав пратениците буквално од сите пратенички групи, укажувањата од стручната јавност се прифатливи и верувам дека веќе е изнајдено решение. Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа и од експертската јавност но и од помалубројните партии заради тоа што тие оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат прагот за неопходен број собрани потписи за поднесување на независните листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален прагот од 2%, веројатно на 1% или можеби и укинат. Како ќе одлучат пратениците, јас како политичар тоа ќе го поддржам” – рече премиерот Заев.

Претседателот Стево Пендаровски најави дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред сè поради 2% праг за независни кандидати на локалните избори.