ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ЈОВАНОСКИ И РУСКИОТ АМБАСАДОР БАЗДНИКИН ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ НА СПОМЕН-ПЛОЧАТА НА ЗАГИНАТИТЕ РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

0
707

“По повод Денот на сеќавањата, 1. Август заедно со амбасадорот на Руската федерација во нашата земја, Сергеј Баздникин, положивме цвеќе на спомен плочата на загинатите руски војници во “Германските гробишта”.

Трагедиите од 20 век, првенствено од Првата и Втората светска војна, ги обврзуваат денешните генерации да извлечат поука од нив. Традиционалната церемонија се одржува во пресрет на 1. Август, кој во Русија се одбележува како Ден на сеќавање на руските војници загинати во Првата светска војна.
“Рускиот крст” како спомен обележје во кругот на Меморијалниот центар “Германски гробишта” во нашиот град е поставен во 2014 година во рамките на чествувањата за 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП, ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ