ОО СДСМ ШТИП : СО ДОАЃАЊЕТО НА ВЛАСТ НА ЈОРДАНОВ И ВМРО-ДПМНЕ, ЗАПОЧНАА И ПРВИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО СЕКТОРОТ ОБРАЗОВАНИЕ

0
519

Почитувани,

Јорданов и ВМРО ДПМНЕ свесно го туркаат образованието во пропаст. Со доаѓањето на власт на Јорданов и ВМРО ДПМНЕ , започнаа и првите проблеми во секторот образование.

Константи проблеми и недостатоци во училиштата, каде учениците се соочија со недостиг на часови, скратени часови поради неможност од одржување на редовна настава , како и изостанок на часови повеќе од 10 дена во основното училиште Славејко Арсов.

Имено, поради алчност и неодговорност, средношколците и наставниот кадар од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ повторно се во своите домови и реализираат настава онлајн.
Крајно неодговорно и незрело е да се санира парно систем на само 10 дена одкако започна учебната година.

До вчера ВМРО-ДПМНЕ беа најголемите заговарачи против онлајн настава, но сега брзопотезно прибегнуваат кон овој концепт на настава.
Го прашуваме Јорданов: Дали три месеци распуст, додека училниците беа празни, а наставниот кадар одмараше, не беа искористени за оваа санација само затоа што не успеале да договорат тендер?

И, дали поради оваа ситуација треба да трпат средношколците и наставниот кадар, кои покрај теоретската, ќе ја загубат и практичната настава?