ОСМАНИ : РАДЕВ ВО КАНЦЕЛАРИЈА ИМА СЛИКА ОД ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ОЧИГЛЕДНО ПОСТОИ НЕШТО ЗАЕДНИЧКО

0
653

Улогата на заедничката македонско – бугарска комисија не е ретуширање на историјата, не е да се пишува историјата одново или да се ревидира, туку да се најдат заеднички точки за историски настани и личности кои ќе бидат мост за подобро разбирање и зближување помеѓу народите, да објасни што е заедничко, затоа што очигледно нешто е заедничко, изјави министерот министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој во вечерашното гостување на Сител рече дека во Бугарија има универзитети со исти имиња и градови, а слика од Гоце Делчев има во самата канцеларија на претседателот Румен Радев, што според него е индикатор дека „очигледно постои нешто заедничко“.

– Кога бевме во канцеларијата на претстедателот Радев на најувисокото место во неговата канцеларија е сликата на Гоце Делчев, што значи дека нивното верување дека имаат врска со Гоце Делчев е реалност. Ние може да игнорираме дека не постојат проблеми во историските имнтерпретации, но одете во Бугарија и ќе видите дека тие таму имаат универзитети, градови со исти имиња, што значи дека проблемот со инмтерпретацијата е реален ајде да видиме како тоа да го ставиме во функција на подобрамеѓусебна соработка, отколку конфликти, и тоа е улогата на комисијата за историски прашања, изјави Османи.