ПАНИКА И НЕМОЌ КАЈ БУГАРСКИОТ ШОВИНИСТ ОД ВМРО-БНД, ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ: СО МАКЕДОНСКАТА РЕЗОЛУЦИЈА ЌЕ СЕ ИЗБЕГНУВААТ БУГАРСКИТЕ ФАКТИ ВО МЕШОВИТАТА ИСТОРИСКА КОМИСИЈА

0
894

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски остро ја осуди Резолуцијата за утврдување на државните позиции на Северна Македонија во контекст на блокадите на европските интеграции усвоена во четвртокот во македонското Собрание.

Тој упати клеветничко писмо до европратениците и до шефот на германската дипломатија Хајко Маас во кое што обвинува дека ако се почитуваат тие црвени линии на Северна Македонија, тогаш македонско-бугарската комисија нема да може да функционира со соочување на историски факти и докази.

“Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот. Но од самиот почеток, македонската страна повеќе пати ја бојкотира комисијата, бидејќи не може да претстави сигурни докази, базирани на првични и втори историски извори кои ги поддржуваат нејзините тврдења” – обвини тој.

Според него, резолуцијата за македонските црвените линии ги елиминира сите дискусии засновани на факти, документи и сигурни извори и дека без оглед на бугарските докази, македонската страна ќе користи тактика за да не разговара некои прашања.

Тој дополнително ги повтори лажните бугарски тези дека македонската нација била создадена на база на вештачки мит и дека македонскиот јазик се базирал на фиктивни западнобугарски дијалекти во Македонија.

“Оваа последна тактика очигледно ја потврдува нашата позиција, а тоа е дека современиот македонски идентитет се заснова на историска лага преку создавање државна митологија. Сакам да кажам дека не го одрекуваме државниот идентитет на Северна Македонија по 1944 година. Не негираме дека нивниот јазик е кодифицирана верзија на западнобугарските дијалекти пак по 1944 година. Ние се спротивставуваме на секакви обиди да крадат делови од нашата историја, базирани на факти, признаени од меѓународни историчари” – шокантно тврди тој прикажувајќи ја Бугарија како жртва на тоа што Северна Македонија си има свои национални интереси и математики.

За Џамбаски, бугарската шовинистичка и негаторска позиција не може да се промени. И од тоа произлегува дека се надева дека Северна Македонија би ги прифатила бугарските уцени иако се тешки историски фалсификати.