АНДРЕ ОНАНА ЌЕ ГО БРАНИ ГОЛОТ НА ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ НА ОЛД ТРАФОРД – КАМЕРУНЕЦОТ СЕ СЕЛИ ОД ИНТЕР ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

0
373

Камерунскиот голман Андре Онана наскоро ќе потпише договор со Манчестер јунајтед и ќе биде промовиран како нов чувар на мрежата на англискиот гигант по заминувањето на Давид Де Хеа.

Онана ќе замине за Англија со приватен лет, а медицинските прегледи ќе бидат извршени во среда и четврток, по што се очекува официјална потврда на трансферот.

Интер од неговата продажба ќе заработи 51 милион евра веднаш и уште четири во бонуси, а Онана ќе потпише договор со „ѓаволите“ до 2028 година, со опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.