ПОРТПАРОЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, ПИСОНЕРО: ЈА ПОДДРЖУВАМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СО ПОМОШ ВО ВАКЦИНИ

0
864

Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширувањето, Ана Писонеро нагласи дека доставувањето на вакцини за земјите од Западниот Балкан од страна на ЕУ се доказ дека иднината на регионот е во Европската Унија.

На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел, Писонеро нагласи дека испораката на првите вакцини за Западниот Балкан од ЕУ со помош на Австрија, кои почнуваат да пристигнуваат денеска во регионот се јасна поддршка од Унијата, заедно со финансиската помош од 3,3 милијарди евра за економското заздравување на западнобалканските земји.

Над 650 илјади вакцини ќе бидат распределени за сите земји од Западниот Балкан, од кои 199 илјади за Северна Македонија. Распределбата на вакцини се прави според потребите на секоја од државите, а дозите се наменети за здравствените работници и најранливите групи, потсети портпаролката на ЕК.