Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП на прес конференција од пратеничката Кети Смилеска

0
877

Во безизлезна ситуација и немајќи што да понудат и што да прикажат како сработено, власта на СДСМ втор ден по ред се обидува преку лаги и невистини да ги оцрнува кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и да ги манипулира граѓаните.

Два дена се обидуваат да ја прикажат директорката на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, Оливера Аџиоска, како директор кој работел домаќински, иако во изминатите 3 години таа наталожила цели 17 милиони денари долг во оваа институција, а притоа не реализирала ниту еден проект.

Без да дадат одговор каде завршиле овие 276.000 евра долг, вчера директорката Аџиоска, а денеска и екс пратеничката  Кети Смилеска, се обидуваат да го оцрнат претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, иако токму додека тој раководеше со оваа институција се реализираа над 50 милиони денари инвестиции.

Уште еднаш ги повикуваме така наречените “правдољубци” да кажат зошто молчеле и зошто ништо не презеле и покренале пред институциите во изминатите 3 години, доколку знаеле дека во институцијата бил сторен одреден криминал?

Петар Ристески со оваа институција не раководи уште од 2015 година, а токму тогаш Здравствениот дом го оставил со 1,5 милиони денари салдо на сметката, 2 милиони побарувања и само 5,9 милиони денари обврски, сума која Оливера Аџиоска успеала да ја зголеми за 3 пати.

Наместо Смилеска да се бламира пред јавноста со лаги за наводно незаконски потрошени 100 евра, да побара одговори од кадарот од нејзината партија и да ги информира граѓаните каде се трошат овие милионски суми.

Здравствениот дом во Прилеп беше пример од институција додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. За инвестициите нема одново да повторуваме, затоа што сите граѓани се сведоци што се е променето таму и колку се подобрени условите за работа и давање на здравствена заштита.

Смилеска ќе ја упатиме и да ја праша својата директорка како и на кој начин била исечена парно инсталацијата во Брзата помош и дали истата била продадена за смешна сума од 200-300 евра?

Нека ја праша директорката како склучува договори за реклами од над 500 евра без тендерска постапка, зошто не работи лифтот во институцијата, зошто не работи објектот на брзата помош во Кривогаштани, зошто се вработуваа и трупаа непотребни и партиски послушници, а институцијата има потреба од медицински сестри….?

Кој што правел и кој како работел најдобро ќе се види после 12-ти април кога сите сомнежи за сторен криминал и сите сомнежи за незаконско трошење ќе бидат проверени, а верувајте дека ќе ги провериме и овие 17 милиони денари долг кои ги создаде Оливера Аџиоска.