ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА СО РАЗЛИЧНИ ГЛЕДИШТА КОН МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

0
109

Илустративна фотографија

Дали е очајна кондицијата на македонската економија или Македонија е лидер во регионот по преземање економски мерки во криза. Опозицијата и власта со различни гледишта кон проблемите со високата стапка на инфлација, буџетскиот дефицит и јавниот долг.Според поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска Војновиќ власта не преземала доволно добри мерки за да ги намали последиците од повеќето кризи и затоа мора да се мисли за стабилизирање на економијата на долг рок.

„Очајна е кондицијата на економијата во Македонија. Имаме огромна и опасна инфлација, и буџетски дефицит 62% од БДП. Се очекува и оваа година да има огромен буџетски дефицит, а јавниот долг ја има надминато горната граница поставена со законот за буџети. Доведени сме во една ситуација, да мислиме како на долг рок ќе ја стабилизираме економијата. Имаме нарушена домашна макроекономска стабилност“ – рече Маја Кадиевска Војновиќ во интевју за МРТ.Министерот за економија, Крешник Бектеши најави нови планови во делот на политиките на економијата – според него, мнозинство на министрите во идната влада ќе бидат од ДУИ, и тие уште сега подготвувале програма за справување со предизвиците во економијата. Бектеши смета дека Македонија била лидер во регионот во однос на преземените мерки.

Имаме нови планови во делот на политиките во економијата и мнозинството министри ќе бидат од ДУИ, во делот на антимонополска политика, антидискриминаторска политика. Имавме лошо искуство со пандемијата, со војната во Украина – сето тоа влијаеше, но сепак, лидери сме во регионот во однос на преземањето мерки за време на криза. Концептот на ДУИ предвидува посветеност на економијата, освен што треба да биде силна, економијата треба да биде и правилна. Македонија има поминато низ еден тежок транзициски период. Клучни столбови се енергетика, ИТ сектор, дигитализација и слично треба да бидат целосно опфатени за сите да имаат можност своето знаење и иновативност да го покажат во рамките на можностите и конкурентноста. Ќе им излеземе во пресрет на граѓаните во делот на подобрување на животниот стандард – рече министерот Бектеши во интервју за МРТ.