БУЈАР ОСМАНИ НАЈАВИ ОД ПОНЕДЕЛНИК ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РАЗГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

0
764

“Оптимист сум дека со новиот пристап на градење доверба преку секторска соработка и со завршувањето на изборниот процес во Бугарија ќе го вратиме амбиентот на рационална дебата, која очекувам да се случи од понеделник со цел сериозен ангажман на двете страни во надминување на разликите за да се добие можност во јунско-јулските самити на ЕУ да се донесе консензус по однос на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција” – изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција на која го претстави новиот план на МНР Рефлексија 2030.

Сите напори и активности се прават со цел започнување на преговорите на Самитот во јуни-јули 2021 година. Прашан дали очекува подобри односи со Бугарија по изборите, Османи изрази верување дека тоа е можно и најави започнување со прашањата кои не’ зближуваат.