ОД ПОНЕДЕЛНИК ПОЧНУВА ВАКЦИНИРАЊЕТО НА МЕДИУМСКИТЕ РАБОТНИЦИ

0
1044

Од понеделник ќе почне имунизацијата на медиумските работници кои изминатиот период се пријавија на повикот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Тие во координација со Министерството за здравство спроведоа акција за пријавување на новинари и медиумски работници за вакцинација против Ковид 19.

На повикот на ЗНМ и ССНМ се пријавија вкупно 758 лица од кои 631 ги исполнуваат условите за првата фаза во поглед на возрасната граница, хронична болест, односно активни новинари и медиумски работници. Овие лица во најбрзо време ќе бидат контактирани од страна на претставници на здравствените власти и ќе бидат известени за точен термин за вакцинација која ќе започне од понеделник во спортската сала “Борис Трајковски” во Скопје.

Останатите 127 пријавени лица кои претежно беа помлади од 40 години, или се дел од административните служби или од служби за одржување во медиумите ќе бидат земени во предвид во вториот круг на имунизација на медиумски работници, кој е предвиден да се реализира веднаш по пристигнувањето на следната пратка на вакцини што се очекува во следните неколку недели.