ОШТЕТЕНИТЕ ШТЕДАЧИ ОД ЕУРОСТАНДАРД ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД УСТАВНИОТ СУД

0
717

Здружението “Правда за штедачи” денеска повторно одржа собир пред Уставниот суд и побара овој суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки до Собранието или Владата на одговор и да соопшти информација кога ќе биде закажана седница за конечно решавање по однос на оваа иницијатива.

“Од 21.04.2021 година до денес, 05.05.2021 година поминати се 15 дена, но иницијативата не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука. Ваквата постапка на претседателот на Уставниот суд е неоправдана, ниту има основ во деловникот за работа на Уставниот суд. Напротив, таа е неоснована и со ништо непоткрепена, додека мотивот за ваквото (не)постапување, ние како здружение го гледаме во очајниот обид преку процедурални трикови, претседателот да добие во време, со цел до 31. мај да не се најде точката на дневен ред, бидејќи на тој датум истекува мандатот на тројца уставни судии. Веројатно, очекувањата се дека новите уставни судии што ќе бидат избрани ќе бидат послушни на структурите кои од повеќе места во изминатиов период вршеа притисок врз судот” – наведоа од Здружението. Според нив, постапката е провидна и претставува очаен обид да се опструира правдата.