ОД 8-МИ ЈУНИ ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА ВО ПЛЕНАРНАТА САЛА НА СОБРАНИЕТО

0
968

Од Собранието денеска информираа дека по извршениот увид од страна на претседателот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, д-р Караџовски и претставници од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, Собранието на Република Северна Македонија од 8-ми јуни 2021 година ќе ги одржува пленарните седници во Сала “Македонија” согласно одобрениот Протокол за одржување пленарни седници.

Акредитираните новинари ќе бидат сместени во Сала 3 – Прес центар и Сала 4 на првиот кат на Собранието, со можност за движење преку една врата во холот меѓу салите. На акредитираните претставници на медиумите во Собранието на Република Северна Македонија ќе им биде дозволен влез во галеријата на сала “Македонија” во ограничен број односно вкупно 17 претставници на медиумите ќе може да ја следат седницата од галеријата и истите ќе може да седат на означените седишта во галеријата, почитувајќи соодветно растојание. Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои што ќе приложат доказ за извршена целосна имунизација, односно вакцинација против ковид-19. Легитимирањето на новинарите ќе се врши соодветно како за пратениците и вип-гостите.