МОРА ДА СЕ ЗАШТИТАТ АВТОРСКИТЕ ПРАВА ЗА УЧЕБНИЦИТЕ, ЦАРОВСКА: САКАМЕ ПРОЦЕСОТ ЗА НАБАВКА НА УЧЕБНИЦИ ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ТРАНСПАРЕНТЕН

0
671

“Министерството за образование сака да обезбеди транспарентност на процесот на набавка на учебници и да ги има на увид сите потребни документи, првенствено за да може да ја формира цената на учебниците, но и да потврди дека учебниците што се набавуваат се усогласени со Кембриџ програмата” – изјави министерката за образование Мила Царовска во емисијата “360 степени” на Алсат ТВ.

“Ова е важно за да не одиме ниту превисоко, ниту прениско со цената на учебниците. Во моментов сме во консултација со повеќе институции кои се во рамки на Министерството и се надлежни за ова прашање, но и со надворешни институции со цел да стигнеме до заштита на јавниот интерес, но и до формирање на реална цена” – рече Царовска.

Првиот обид за преговори со двете издавачки куќи кои ги имаат правата за Кембриџ учебниците, Арс Ламина и Арбериа Дизајн беше неуспешен, затоа што тие не доставиле докази за авторско право за учебниците по Кембриџ.