Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција потврди дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори во градот Скопје.
“Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено работеа изминативе години. Ќе се слушнат и мислењата на граѓаните. Јас верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдумот се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери” – рече Заев.