Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека врз основа на Одлуката на Владата, која и’ дозволи за гаснење на пожарите, без надомест да користи гориво од резервите на министерствата за одбрана и внатрешни работи. За таа цел вчера бил реализиран транспорт на 5000 литри Еуродизел.
“Во координација со ДЗС и Рафинерија ОКТА, која излезе во пресрет по скратени процедури и превозникот ОИЛКО, чија дејност е дистрибуција на нафтени деривати, го доставија горивото без надомест како општествено одговорна фирма” – објави ДЗС.
На владина седницата беше донесена одлука со која и’ се дозволи на Дирекцијата за заштита и спасување без надомест да употреби 50 000 литри течно вештачко гориво керозин од ресурсите на министерствата за одбрана и за внатрешни работи.