Заев: БЕСА тежи 35.000 гласови, ќе освоиме најмалку 6 пратеници повеќе од ВМРО

0
1062

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува победа на парламентарните избори со разлика од 6 до 10 пратеници повеќе во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа е причината зошто не сакаат избори. Сето друго е изговор – изјави Заев на ТВ 21, додавајќи дека и на овие избори очекува албански гласови.

Според него, Беса на Билал Касами, со кого потпишаа договор за заеднички настап, тежи 35 000 гласови.