СДСМ: За САД Груевски е виновен за состојбата во земјава

0
912

Пораките кои стигнаа од американскиот потпретседател Џо Бајден искажани по средбата со премиерот Никола Груевски, како и од американската амбасада во земјава се реална насока за тоа што и како треба да биде реализирано за демократизирање на земјава, велат за 24 Вести од опозициската СДСМ. Оттаму истакнуваат дека во целот го поддржуваат ставот на Бајден дека е потребна целосна имплементација на договорот де Пржино и дека во таа смисла треба да бидат преземени сите дејства кои се потребни со цел да се обезбедат веродостојни избори.

И од владејачката ДУИ, оценија дека сите пораки од САД како стратешки партнер на земјава се добредојдени, но сметаат и дека е потребна помош за итно зачленувањето на земјава во НАТО и ЕУ.