БОЈМАЦАЛИЕВ : ДО СЕГА СЕ ПРЕЗЕМЕНИ СИТЕ НЕОПХОДНИ АКТИВНОСТИ ВО ВРСКА СО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ

0
198

„Денеска остварив работна средба со висока делегација на ОДИХР предводена од Кеара Касталдо, виш советник за изборни процеси во Канцеларијата на ОБСЕ, на која истакнав дека моите заложби се за фер, слободни и демократски избори, како што доликува на земја кандидат за членство во Евопската Унија, и членка на НАТО Сојузот. Притоа, потенцирав дека досега се преземени сите неопходни активности во врска со спроведувањето на изборите“, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

„Можам да кажам дека додека бев Шеф на кабинет на поранешниот министер за внатрешни работи Oliver Spasovski, беа преземени сите неопходни законски обврски коишто ги има Министерството за внатешни работи. Впрочем, за тоа говорат и досегашните одлични извештаи. Воедно, сакам да потенцирам дека и на функцијата дополнителен заменик министер за внатрешни работи ќе се залагам за реализирање на сите идни активности на МВР во врска со успешно спроведување на изборните процеси, како што најавив во моето прво обраќање до јавност“, напиша Бојмацалиев.